Ковид19 Македонија Топ вести

Се полнат капацитетите во Клиничка болница во Тетово

За 24 часа на одделенијата во тетовската Клиничка болница се примени нови 16 лица со ковид 19. На лекување се вкупно 51 пациент, од кои најголемиот дел се на кислородна поддршка, а двајца пациенти се препратени на скопските клиники. Поради компликации од ковид  починала и жена на 54 години.

Болничките капацитети се полнат, поради што веќе извесен период работи и модуларната болница, која е речиси целосно исполнета.

Само вчера биле извршени и 118 амбулански прегледи, а зголемувањето на потребата од медицинска помош, во комбинација со мал процент на вакцинирано население укажува дека следниот период може се очекуваат и нови приеми.

На Вакциналниот пункт во Тетово денес имаше поголем ред по гужвите кои беа присутни изминатите три дена, поради зголемениот интерес за имунизација кај граѓаните по најавените рестриктивни мерки и растот на бројот на нови случаи.

Инаку од Здравствениот дом Тетово, најавуваат дека ќе биде отворен уште еден вакцинален пункт, а деталите ќе ги соопштат во текот на утрешниот ден.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе