Дождот го стиши пожартот во резерватот Јасен. Неколку денови тлееше но од утрово огнот се разгоре и успеа да префрли од другата страна на сртот кон Матка. Ноќва ќе се дежура а од утре ако е потребно ќе делува и армијата, таков совет добил ЦУК од француските експерти. Јасен е од осбено значење за државата, во него има густа шума, вегетација и дивеч.
Градот и дождот кој вечерва паднаа над резерватот Јасен го стишија огнот кој веќе неколку денови тлееше таму, а од претпладнето успеа да се префрли и на другата страна од сртот кон Матка. Тоа многу им помогна на вработените на јавното претпријатие кои не успеаја да го спречат да се рашири поради непристапниот терен на кој се наоѓа.
Од утрото и попладнето се интервенираше и од воздух но сепак локализирањето на пожарот одеше тешко. Пламени јазици се надвиснуваа и над селото Раовиќ од каде се гледаа пламените јазици.
Инаку во Јасен беше побарана забрана за движење уште пред 1 месец а беа воведени и 24 часовни дежурства, но одговор како настана пожарот за сега нема. спаѓа во посебни природни предели а претпријатието е формирано за заштита на повеќе природни реткости. Не е дозволено да се преземаат дејствија што би можеле да ја нарушат природната рамнотежа во екосистемите, и да ги изменат и автентичните карактеристики. Полн е со диви животни богата флора и фауна.
Билјана Николовска
