Како последица од компликации на ковид 19 почина 31-годишна пациентка во Клиничката болница во Тетово.
Таа имала тешка клиничка слика со воспаление на белите дробови, како и претходно хронично заболување.
Деновиве има секојдневно нови приеми во тетовската болница.
На одделенијата се лекуваат 47 лица, најголемиот дел од нив се на кислородна поддршка.
Најмладиот од нив, на 37 годишна возраст е без коморбидитети.
67 амбулантски прегледи на дневно ниво е знак дека ќе има нови приеми.
Според епидемиолозите причина за зголемувањето на бројките на новозаразени се семејните прослави и непочитувањето на мерките и протоколите.
Доктор Илчо Ефкоски од Тетово, на социјалните мрежи, алармира на сериозноста на ситуацијата.
Тој посочува пример дека била одржана свадба иако членовите на семејството биле позитивни на ковид 19.
Младенците без да пријават симптоми на лекарите, примиле терапија, а на резулатот од брзите тестови не верувале.
За случајот се дознало откако на зетот му се влошила состојбата.
Од Клиничката болница во Тетово не знаат за конкретниот случај, но потврдуваат дека најголемиот дел од пациентите присуствувале на некоја веселба.
Граѓаните согласни дека кај народот нема дисциплина.
Инаку бројката на активно болни во тетовскиот регион веќе извесен период е троцифрена.
Данијела Билбилоска
