Македонија

Нема опасност по селата и горат само шумите велат надлежните – ЦУК претстави дигитално следење на пожарите

Нема опасност по селата и другите населени места во непосредна близина на пожарите кои сè уште се активни низ државата.

Тампон зона е направена околку најкритичните активни жаришта.

Последните информации од надлежните се дека жешки точки сè уште има и гори шума и тоа претежно борова, поради смолата.

Сите села во чијашто близина беснеат пожари се обезбедени со сите оние методи коишто ги користи било која противпожарна служба во светот. Изорани се места и направена е тампон-зона преку којашто пожарот не може да помине, а на линијата се поставени цистерни за во случај пожарот да дојде од другата страна на тампон-зоната, цистерните да можат да дејствуваат за пожарот да не ја премине тампон-зоната и да не го загрози селото.“ – оценува директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

А, од денес службите кај нас пожарите ги следат и на пософистициран начин од претходно.

Од ЦУК тврдат дека ова не е задоцнета туку правовремена реакција – да се активира посебен систем односно алатка која помага во кризни моменти. Системот веќе е употребен за да брои заразени и да лоцира новонастанати Ковид-жаришта во Македонија, а сега системски ќе ги координира службите за гаснење на пожарите – една недела по настанување на бројни огнови кои донесоа и кризна состојба во траење од 30 дена.

„НИКС. Кратенката НИКС означува следна генерација на систем за командување. Преку овој систем имаме просторно прикажување на ситуацијата на терен, односно, членовите на главниот штаб на едно место на екран ги гледаат сите податоци. Гледат на кои места имаме активен пожар, гледаат каков е неговиот интензитет и гледаат каде имаме изгаснат пожар за којшто постои можност повторно да се активира.“ – вели Ангелов.

Додека службите се во шумските подрачја каде беснее или до скоро беснееше пламен, сè уште трае забраната за движење низ шуми за граѓаните.

Странска помош во вид на кадар и опрема е сè уште присутна во земјава.

Во меѓувреме си замина пожарникарската екипа од Бугарија, а хеликоптерите од Србија се пренасочени да помогнат во Атина, каде што исто така се случуваат страшни пожари.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе