Премиерот Зоран Заев најави дека државата ќе ги надомести штетите што ги претрпеа граѓаните како последица на пожарите. Проценките дополнително ќе се прават.
Изрази пофалба и голема благодарност до мештаните од селата Митрашинци, Будинарци, Разловци, Мачево и сите други села, за огромната поддршка во гаснењето на пожарите.
Тие навистина се вистински пожарникари иако не се професионалци, бидејќи беа заедно на терен со противпожарните служби. Сакам да се заблагодарам и на сите волонтери од Штипскиот, Струмичкиот, Кочанскиот регион од Виница, од Источниот регион кои носат вода некои носат храна, некои лопата в раце и прават се што можат да помогнат и навистина е убаво да се биде солидарен и ред е да изразам солидарност до сите овие граѓани кои дојдоа овде и да бидат од полза во гаснењето на пожарите, рече Заев.
Премиерот упати поддршка и до сите хуманитарци на пунктот каде се дели храна вода и се што е потребно за сите кои ја даваат поддршката за справување со пожарите.
