И по 20 години нема достојно спомен обележје кај Карпалак посветено на десетте прилепски бранители кои загинаа на ова место во воениот конфликт во 2001 година. И денес делегациите положуваа цвеќе пред спомен плочата поставена на банкината од автопатот Скопје -Тетово. Лицата кои го преживеаја нападот се разочарани.
Бранителите се пожалија дека државата ги заборавила луѓето кои ја бранеа земјата и дека за нив ништо не е направено во изминатите години.
На 8 август 2001 година десет резервисти на македонските безбедносни сили беа убиени во заседа кај месноста Карпалак, а тројца ранети кога конвојот од Прилепската касарна се движел кон Тетово.
Данијела Билбилоска
