Македонија Топ вести

Пожарите – несреќен случај или кривични дела?

Палеле шуми, стрништа, заварувале и не ги почитувале мерките за безбедност. Сите кои биле вмешани во пожар, не завршиле во затвор. Платиле парчина казна или добиле условна казна,  покажува судската архива. Во основните судови ширум земјата нема ниту една пресуда за предизивкување шумски пожар.

Кривично дело 227 за кое најмалата затворска казна е 8 години, за повеќе потпалувања најмалку 10 години. Во 2017 година кога Македонија гореше на Матка беше фатено едно лице, но и тој заврши со полесното кривично дело „предизвикување општа опасност“ односно затвор до три години а доколку е од небрежност, да плати парична казна.

Пред судот во Скопје ќе треба да се појави и 35 годишниот кавадарачанец кој пред два дена заваруваше ограда во поранешниот хемиски гигант.

По преземените активности е утврдено дека С.А.(35) од Кавадарци, околу 16.00 часот, додека вршел заварување на ограда во кругот на фабриката, предизвикал пожар. По целосно документирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Токму членот 228 е најчестата опција на подносителите МВР и Јавното обвинителство. Кривично дело со кое сторителите поминуваат полесно, односно или добиваат условни казни да не го повторат делото и плаќаат парични казни до 800 евра. Таквата пракса на истражителите продолжува и во оваа сезона на пожари, па само за 4 дена 5 лица заработија пријави за предизвикување општата опасност.

Премиерот кој по отпочаниот, па прекинат одмор се врати во опожарените региони даде и оценка за почетокот на пожарите пред тоа да го докажат истражните органи.

Законодавецот отишол и дотаму и предизвикувањето пожар со голема материјална штета го ставил и во корпусот кривични дела за тероризам за кои е пропишана затворска казна доживотен затвор. Обвинителствата се уште немаат пишано таква пријава.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе