Македонија Најважни

Пожарот кај Будинарци стивнат, селото е безбедно

Во текот на ноќта пожарот во близина на селото Будимирци имаше променливо темпо и сега е малку стивнат, објави утрово на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Од позицијата од која набљудувам пред мене гледам две точки на кои пламенот е се уште активен и силен, но во позадина на неколку места забележувам силна и густа чад. Селото Будинарци е безбедно, додава Ангелов во објавата.

Тој најавуа дека утрово интервенираат два македонски и два српски хеликоптери, а во текот на денот и големиот противпожарен романски авион.

Во борбата против пожарот ќе бидат вклучени и голем број пожарникари од овој регион,  како и пожарникарите од Словенија, Австрија и Бугарија. Покрај нив учествуваат и екипи на Национални шуми, припадници на Армијата и Полицијата, ДЗС, ЦУК и голем број на доброволци од локалното население. Голема благодарност до сите нив за покажаната пожртвуваност и храброст, наведува Ангелов во објавата на Фејсбук.

Тој додава и дека извидувајки го теренот над селото Будинарци налетале на тесно грло од крак на пожарот.

Иако непланирано, влеговме во огинот и пред се благодарение на тројца храбри локални жители (Мустачки Слободан, Гоце Мајсторски и Влатко Прмачки) успеавме да го сопреме огнот и да спасиме големо парче шума со бор. Во гаснењето покрај тројцата мештани учествуваше и мојот храбар соборец од 2001-та Бранко Ѕверот, како и мојот возач Дејан Митовски, информира Ангелов на својот фејсбук профил.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе