Репортерката на Телма, Тамара Грнчароска и снимателот Влатко Александров, цел ден известуваат за пожарите во регионот на Делчево, Пехчево и Берово. Во попладневните часови пожарот се прошири над селото Будинарци, каде се појави силен оган. Пожарникарите , локалните жители, заеднички правеа безбедносен коридор за да ја спречат опасноста од огнената стихија по куќите во селото. Боровата шума силно гори, чадот го исполнува воздухот и граѓаните ги очекува тешка ноќ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
