Пожарот од атарот на светиниколското Богословец е проширен кон штипското село Доброшани, во коешто има стари куќи. Командирот на смена во Територијалната Противпожарна единица -Штип, Пане Тимов вели дека пожарот е активен и со него се справуваат 10 пожарникари, но и голем број на војници, доброволци и вработени во државните и локaлните комунални претпријатија. Побарано е да интервенираат и хеликоптерите од воздух.













