Uncategorized Македонија

Министерството за одбрана демантира дека во пожарот кај Овче Поле бил загрозен воен склад

Во врска со информациите кои во текот на вечерните часови беа присутни на социјалните мрежи и во одредени електронски медиуми за евентуална загрозеност на воен објект, поточно воено складиште, од пожарот кој беше присутен во поширок реон на Овче Поле кај Богословец, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија Ве информира за следното:

Во моментот нема никаква загрозеност за споменатиот воен склад од пожарот на гореспоменатата локација, како и за ниту еден друг воен објект за кои правовремено се превземени сите потребни мерки за противпожарна безбедност.

Имено, во текот на попладневните часови по отпочнување на ширење на пожарот на гореспоменатата локација со менување на насоката на ветерот кој се движел во правец на Штип, врз основа на претходно координирано информирање од терен, уште со самиот почеток на засилениот ветер и промена на правецот на пожарот, од страна на Армијата на Република Северна Македонија беа превземени сите потребни противпожарни мерки за безбедност на воениот објект.

Притоа, со воени инженериски машини и механизација како и ангажирање на триесетина армиски припадници се превземаа превентивни активности во однос  на проширување на постоечниот противпожарен појас оклу објектот кој задолжително го имаат сите воени складови, како и подготвеност на противпожарната опрема во објектот зајакната со една воена цистерна при што и по непосредното приближување на пожарот ризикот од несакани последици беше сведен на минимум.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе