Продолжува борбата проти пожарот кој се шири цел ден во Делчево. Откако попладнево огнот опасно се прошири над селата Вирче и Треботивиште во тој регион беа испратени бројни пожарникари од повеќе македонски градови, како и пожарникарите кои пристигнаа на помош од Словенија. Нашиот репортер Билјана Николовска известува и за состојбата со луѓето кои беа пренесени во болницата во Делчево.













