Европската Унија испраќа дополнителни противпожарна опрема во Македонија и Грција, за поддршка на локалните власти. Помош доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од програмата Коперникус на ЕУ, напиша на твитер еврокомесарот за кризен менаџмент, Јанез Ленарчиќ.
Помош за гасење на пожарите во земјава веќе испратија од Словенија , Бугарија и Србија, со 4 хеликоптери кои веќе се ангажирани во гасењето на пожарите.













