Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За фиктивниот стечај со корнишоните на зетот на Заев пријава и од финансиска

/

Македонија

Сподели преку :

Зетот на поранешниот премиер Зоран Заев лажирал дека неговата фирма за корнишони оди во стечај за да не исплати скоро 5 милиони евра долг кон австриска компанија, кон други фирми и УЈП. За ова финансиската полиција му поднесе кривична пријава на Атанас Костов и за уште еден управител на фирма од Валандово. Двете фирми каде тој бил управител склучиле договор за закуп, кој не бил ниту реализиран, ниту влезен во сметководство, а бидејќи бил раскинат се натрупале пенали од околу 4 милиони евра. Ова било запишано како товар на фирмата каде тој бил и сопственик, пишуваат од финансиска.

По приговор на доверителите, Основниот граѓански суд Скопје издал времена мерка со која било стопирано извршувањето. Откако не успеал во намерата за отуѓување на недвижниот имот, првопријавениот, со помош на третопријавениот Ј.Т., презел дополнителни дејствија за предизвикување стечај на друштвото, при што биле префрлени 4.000.000 денари по основ на позајмица, средства кои претходно биле примени од правен субјект основан од сопругата на првопријавениот, по што бил поднесен предлог за отворање стечајна постапка против друштвото.

Австриската фирма АММА пред пред четири години го доби меѓународниот спор во Виена тежок 4 милиони евра против домашната ДЕНА ПРОДУКТ на Костов. Фирмата го прекршила договорот за прозводство на корнишони. ДЕНА ПРОДУКТ беше во сопственост на Атанас Костов, зетот на екс премиерот Зоран Заев. Според пресудата, тој продавал корнишони на Глобал Трејд ДММ, односно на својата сопруга, Емилија Костова – Заева, братучетка на Заев иако не смеел. Арбитражата пресуди во корист на австријците, но и покрај скандалот за кој реагираше и тогашниот амбасадор на Австрија, сепак заглави во судски споротви. Инаку велешкото обвинителство веќе има обвинењние против Костов за речиси идентични дејствија со кои сакал да избегне да им плати на австријците, но во тој случај се обвинети и нотар и извршител. Започна во март 24 година и се уште трае.

Билјана Николовска

 

Jumbo 2