Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 700 пријави од студентите – правата постојат на хартија, решенија нема

/

Македонија

Сподели преку :

Неусогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, немање основни услови во студентските домови, доцнење на стипендиите, немање бесплатен јавен превоз за студентите од приватните универзитети, зголемување на цената на меѓуградскиот превоз и проблеми со испити и професори, ова се најчестите проблеми кои ги пријавуваат студентите. За само половина година стигнати се повеќе од 700 пријави на платформата дигитален студентски глас.

„Кога ќе ги ставиме сите овие шест области за кои зборував можеме да дојдеме до еден заклучок, а тоа е дека правото постои на хартија. Институцијата која е надлежна и треба да реагира исто така постои на хартија, процедурите кои треба да се следат исто така се само на хартија. Меѓутоа решение за студентските проблеми нема“, рече Гоше Николов, платформа „Студентарија“

Од платформата „Студентарија“ бараат усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и спречување студентите да го губат ова право поради неажурирани податоци од студентските служби, објавување на бодови при прием во домови,  како и поголема транспарентност при оценување на испити.

„Дискриминаторски е студентите во Скопје да имаат бесплатен јавен превоз, а оние во Тетово, Битола, Штип и Охрид да не го имаат тоа право. Исто така тоа треба да важи и за студентите на приватните универзитети. Ние како студентарија редовно сме во контакт со студентските домови, универзитетите и МОН, но апелираме јавната служба да си ја извршува работата бидејќи тие се задолежни за тоа“, рече Александар Николовски, платформа „Студентарија“

Изминативе денови студентите од студентскиот дом „Стив Наумов“ реагираа на протекување вода во собите и недостиг на парно греење. Од Министерството за образование пак кажаа дека изведувачот ќе ги санира дефектите, но вината ја префрлија кај студентите за кои велат дека тие ја запушиле канализацијата поради фрлени влажни марамчиња, исто така се активирал алармот поради заборавена храна во вклучена микробранова печка и запалена цигара во соба, како и тоа дека откорнале радијатор.

Тамара Марковска

Jumbo 2