Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонски државјанин фатен во Франција со 68 килограми кокаин во камион

/

Македонија

Сподели преку :

Француската полиција запленила 68 килограми кокаин во товарно возило управувано од 44-годишен македонски државјанин, на наплатната станица Фонтен.

Од МВР информираат дека заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до француските власти.

Ова е втора меѓународна акција во последниот месец, по заплената на 324 килограми марихуана во соработка со грчката полиција.

Jumbo 2