Павле Беловски известува за трагедијата во селото Челопек во општината Старо Нагоричане, каде се верува дека животот го загубила една 60 годишна жена, која била слабо подвижна и не успеале навреме да ја напушти куќата.
Тажно сведоштво на човекот кој ја загуби својата сопатничка, кога и покрај огромната желба не успеал навреме да ја извади од објектот кој бил зафатен од огнот и бргу изгорел, уништувајќи ја и целата негова документација, парите што ги имал заштедено – се што имал во својот живот.
