Обвинителствата немаат доволно обвинители, ниту помошници, а добиле и само пола од буџетот кој го побарале од државата.
Изминатата 2020 година сепак државното обвинителство ја оценува како успешна.
Од предвидените 258 недостигале дури 63 ца обвинители, а крива паланка и понатаму останува без обвинител и покрај тоа што таму се потребни тројца.
И покрај ваквата ситуација Советот на јавни обвинители избрал само четворица обвинители, а поради пензионирање, смрт или по сопствена желба разрешил дури 13.
Но парите и понатаму остануваат проблем за реализирање на истрагите. Од државата било побарано речиси 20 милиони евра, но на сметката на обвинителството легнале помалку од 10 или 48 проценти од потребните.
За обвинителството е загрижувачко тоа шт осе трупаат долгови и од претходните години.
Повеќе од очигледно е дека се доведува во прашање вршењето на функцијата на јавното обвинителство утврдена со Уставот и законите. Превземањето на дејства во истрагата, директно се рефлектира и на другите сегменти од работењето на Јавното обвинителство предизвикувајќи зголемување на потребите од средства и нужноста за одржување на континуитет, велат од јавното обвинителство.
45 илјади строрители на кривични дела гонеле обвинителите лани. Повеќе од половина ги решиле додека за останатите се уште се постапува. Во извештајот јавното обвинителство ја негира како што пишува перцепцијата на јавноста дека многу често ја користи мерката притвор како мерка за обезбедување присуство на судења.
Но обвинителството користело и посебни истражни мерки, прислушкувало, снимало по приватни простории и домови, следело осомничени и компјутерски системи. За вкупно 404 ца осомничени со познат идентите имало пим мерки и за 22 без да им го знае идентитетот.
Доколку се изврши анализа на бројот на спроведени посебни истражни мерки во текот на 2020 година, со бројот во текот на 2019 година, може да се констатира дека во 2020 година постои намалување на бројот на спроведени посебни истражни мерки, во однос на 2019 и тоа од 103 случаи на 67 случаи што значи намалување за 35% , тврдат од обвинителството.
Во новиот закон за јавно обвинителство новина беше што се зголемија загарантираните пари од буџетот на земјава на 0,4 проценти од него, но поради пандемијата годинава се одвоени 0,2 проценти.
Но на почетокот на годинава беше најавено и прочистување на несовесните обвинители иако до сега никој не е разрешен.
Билјана Николовска
