Поречие – Македонски Брод 2017- та. Последен пат „Ер Трактор“ истури вода врз огнена стихија.
Три години се приземјени и чекаат дирекцијата за заштита испасување да им најде фирма која ќе ги прегледа, поправи и пушти во нови летови.
Актуелниот директор на дирекцијата Беким Максути е во трет обид овој пат со дозвола од владата да преговара без објава на тендер.
Претходните два пропаднале заради сомнеж за корупција. Комисиите за избор не биле составени со соодветен кадар, а во вториот јавен повик цената за сервисриање биле драстично повисока за иста услуга.
Ако третата шанса успее првиот авио- гаснач на пожари ќе полета најрано во Октомври
Сервисирање државата ќе ја чини 400 илајди евра. Но, и да добијат замена на дотраени делови, дирекцијата и владата треба веднаш да одвојат и 180 илјади евра за полиса за осигурување, бидејќи на 13 август истекува постоечката.
Во отсуство на воздушните трактори, пожарите се гаснат со армиски хеликоптери кои пак не летаат ноќе.
Двете институции за превенција од кризи имаат недостаток и од друга опрема: мали цистерни, теренски возила, но и кадар во подрачните единици.
Дали потфрлија институциите, владата или првите луѓе одговорот треба да се бара на друго место, вели Стојанче Ангелов на ЦУК, кој наместо одговорност очекува пофалница за пожарот во Кочани и Кочанско.
Земјите во регионот веќе го решаваат проблемот со пожарите со навремено реагирање преку камери со сензори.
Цената на системот е околу 2 милиони евра, и наместо камиони, теренски возила и нови вработувања, како и милионски штети од огнените стихии, пожарот ќе се гаси веднаш откако ќе се појави.
Во земјава недостасува стретегија за кризен менаџмент, оценува стручната јавност, а владата уште пред три години најави нов систем за справување со кризи.
Законските решенија се стари и до 15 години, а правилниците не ги предвидуваат новите техничко-технолошки алатки.
Одлуките се носат бавно и вон системот. Пожарите ги палат луѓе во 99 отсто од случаите е оценката на инстутиците.
Казнети се неколкумина парично, додека обвинителствата како да го игнорираат кривичниот закон кој предвидува и затворска казна.
Павле Беловски
