Камерата на репортерот на Телма, Огнен Чанчаревиќ, ги регистрираше денеска последиците од страотниот пожар кој се ширеше над Кочани и беше изгаснат во текот на минатата ноќ.

Изгорена трева, дрвја, покриви на куќи, уништени автомобили и земјоделска механизација, усмртени животни – слики кои наликуваат на воена зона. На теренот е присутно и противпожарно возило со пожарникари од Кочани.

Огнената стихија му се закануваше на градот на неколку локации а овие апокалиптични снимки само потврдуваат каква трагедија беше избегната благодарение на пожртвуваната интервенција на пожарникарите, но и бројни локални жители.

