Македонија Најважни

И покрај обидите на претседателот Пендаровски присутните граѓани на Мечкин Камен останаа поделени

Не изостанаа поделбите ниту за овој Илинден на централната манифестација што вечерва се одржа на Мечкин Камен во Крушево. Граѓаните кои дојдоа на чествувањето се надвикуваа меѓусебно во моментот кога доаѓаше делегацијата предводена од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Прославата на двата Илиндена се одвиваше со силно полициско обезбедување и голем број редари, а теренот го надлетуваше и полициски хеликоптер. Некои од присутните реагираа токму поради тоа, а други пак упатија пораки за обединување.

Прославата започна со парада на Илинденската коњаница. Цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, положија претседателот Пендаровски, премиерот Заев, дипломатскиот кор, министрите во Владата, лидерите на коалиционите партии, а за првпат на манифестацијата присуствуваше и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Пригодна реч со пораки за Илинден имаше актерот Никола Ристановски, а цитираше  и делови од Крушевскиот манифест.

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода, цитираше дел од Крушевскиот манифест актерот Никола Ристановски

Потоа следеше културно уметничка програма на која учествуваа  ансамблот Танец , ансамблот на албански ора и песни,  настап имаше Влатко Стефаоновски,  како и воениот оркестар на Армијата.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе