Пожар веќе втор ден беснее над Кокино, Општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од РЦУК Куманово. Зафатена е борова, дабова нискостеблеста шума, поголема површина.
Евакуирани се и жители на неколку куќи од Кокино. Пожарот го гасат екипи на противпожарните единици на Старо Нагоричане, Куманово и помош имаат од воздух од армиски хеликоптер-изјави в.д. раководителот на РЦУК Куманово, Арбнор Тефику.
Пожарот го гасат и екипи на шумско стопнатсво, но и мештани.

Командирот на противпожарната единица на Старо Нагоричане, Далибор Трајковски вели дека во тек е акција за гасење на пожарот.

