Ковид19 Македонија Најважни

Филипче: Не можеме да живееме со рестрикции кога имаме вакцини на располагање

Пораст на бројот на новозаразени има, но не и мерки во земјава. Засега, само се зборува за евентуалните мерки коишто може да бидат воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани. Не може да ни се повтори сликата од лани со сите тие заострени ограничувања, уверува министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство за Телма објаснува дека голем удел во бројот на новозаразени периодов се патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на Делта-варијантата се утврдува дополнително.

Најдобра заштита против Корона вирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции, вели Филипче и затоа смета дека тоа е доволно за граѓаните да бидат свесни дека треба да се вакцинираат.

Вирусот во изминатата година е виновен за илјадници смртни случаи насекаде па и кај нас и министерот е со став дека смртноста е еднаква насекаде во регионот.

Во болниците се спроведуваат сите протоколи на лекување, уверува министерот и дополни дека здравствениот систем и во моментов е подготвен да одговори на евентуален нов бран на зараза.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе