Македонија Топ вести

Ќе се преполоват ли домовите на Лазиќ и Џиковски за да се задоволат амбициите на градежните инвеститори?

Жештините дојдоа, а за двајцата соседи во Хром Дејан Лазиќ и Борче Џиковски останува истата опасност и истата дилема.

Дали на нивните домови ќе се преполоват заедничките темели за да се реализира бизарниот ДУП и се задоволат градежните инвеститори. Старите германски згради стари над 8 децении се градени како две станбени единици со ист кров, ист темел, заеднички  потпорни ѕидови.

Професорите на градежниот факултет кои тие ги ангажирале во стручен наод навеле дека доколкку се гради парцијално, на соседната куќа, статиката ќе се изгуби и нивните домови ќе паднат. Ги упатиле своите забалешки во ИЗИИС, но и таму инвеститорите добиле зелено светло.

Во ИЗИИС тврдат дека системот не дозволува да додаваат документи од невклучени страни во определен проект, односно дека Лазиќ и Џиковски се во други парцели.

Но состојбата на терен експертите од ИЗИИС не ја проверуваат туку веруваат само во она што ќе го даде инвеститорот.

И додека жителите се плашат да не се повтори белградската слика кога се распадна зграда до градилиште, од општината тврдат дека сите забелешки ќе се земат во предвид иако претходно, од едно семејство барале поголем габарит на маркица, а сега сакаат куќата да им остане.

Од друга страна, пак жителите се незадоволни што општината упорно им ги одбива приговорите и не им одговара иако такво укажување им пратиле и од министерството за транспорт.

Желбата да се сочува домот оставен од нивните дедовци во Хром ги крепи и Дејан и Борче кои сами се во борба против ДУП-от, чии автори смислиле заедничките темели да се поделат за да никне нова зграда залепена до нив.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Kristina Kuzmanovski

Николоски оптимист дека ќе се избегнува статусот „загрозено подрачје“ за Охрид, автопатот ќе се гради

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе