Вести Македонија

Омани: Политичка Влада во Софија, услов за пробив во преговорите

Политичка предвидливост односно избор на Влада е клучно за натамошниот тек на разговорите и разрешувањето на спорот со Бугарија, смета шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Иако очекувањата на македонската страна беше дека техничката Влада во Бугарија ќе ги продолжи разговорите, тоа се покажа како погрешно.

Со формирањето новата Влада во Бугарија, и ќе може да се дознаат кои се позициите на официјална Софија. Османи смета дека е во интерес на Бугарија решавање на спорот бидејќи Бугарија не сака да биде кочничар на регионот со сите последици. Тој оцени дека кон средината на септември би можело да има пробив секако доколку има политичка воља.

Вчера во Собранието, со 95 гласа за и само еден воздржан, беше изгласана Резолуцијата за македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции односно црвените линии во преговорите со Бугарија. Резолуцијата ја предложи ВМРО – ДПМНЕ и беше дополнета со амандман за употреба на уставното име на државата Република Северна Македонија за кој пратениците од оваа партија не гласаа.

Партиите на Албанците изразија јасна поддршка за македонскиот јазик и идентитет, но Алијанса-Алтернатива побара промена на Уставот и именување на Албанците со нивното вистинско етничко име, а не со изразот „20 отсто“.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 загинати и 19 исчезнати во голем шумски пожар во Шпанија

Дејан Дејан

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе