Претседателот Пендаровски нема да ги поддржи измените во изборниот законик, такви-какви што се во моментот. Нема да го стави својот потпис, бидејќи не се согласува со изборните прагови. Неколку часа претходно Собранискиот спикер го соопшти датумот за локалните избори. Ќе се одржат на 17 октомври, а ќе бидат распишани на 6-ти август.













