Вести Македонија Најважни

Изгаснати пожарите кај Кочани

Рано изутринава целосно се изгаснати пожарите што вчера избувнаа на неколку локации во ридско-планинскиот дел над Кочани, со што е отстранета опасноста огнот да зафати куќи и други објекти во близина.
Повлечени се припадниците на службите и граѓаните кои учествувааа во гаснењето, а откажано е и договорената интервенција на хеликпотери на АРМ.По увидот што службите од локалната самоуправа на Кочани го направија на теренот, констатирано е дека целосно е изгорена борова, багремова и друг вид шума на површина од над 150 хектари.

 

 Огнот остави пустош зад себе, направена е огромна материјална штета што допрва ќе се проценува, а таа посебно се однесува на зимзелената шума што е подигана со децении и претставуваше заштитен зелен појас на градот. За среќа немавме последици по човечките животи, а успеавме да ги спасиме и куќите кои беа на стотина метри од огнената стихија. Упатувам благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето и помогнаа да избегнеме поголема катастрофа, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Во гаснењето на пожарот до доцна во ноќта учествуваа екипи на територијалните противпожарни единици од Кочани, Штип, Виница и Македонска Каменица, вработени во „Национални шуми“, комуналното претпријатие „Водовод“, припадници на полицијата, месно население, а беше ангажиран и хеликоптер на АРМ.

Како превентива од повторна појава на пожари, на неколку локации околу Кочани денеска ќе има дежурни екипи и цистерни на комуналното претпријатие, кои ќе интервенираат доколку има потреба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 5. издание на фестивалот „ Преку езерото“

Дејан Дејан

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

Имате јавен профил на Инстаграм? Внимавајте сега фотографии може да завршат во вештачка интелигенција без воопшто да знаете

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе