57 пратеници за, наспроти 32-ца против, беа доволни новите правила за добивање државјанство да станат закон.
Секое барање треба да се реши во рок од шест месеци, а постапката да заврши за три години.
Позитивен одговор следува за оние што ќе приложат било каков документ со кој ќе докажат дека живееле во земјава пред нејзиното осамостојување. Т
оа може да биде извод од родените, свидетелство, платена сметка, платен данок, лична карта или пасош од СФРЈ, здравствена книшка или извештај за лекување, поседовен или имотен лист и друго.
За опозициската ВМРО ДПМНЕ, токму тоа е спорно.
Пратениците албанци велат дека се работи за долгогодишен проблем кој прави апатриди од наши сограѓани.
Проценките се дека на ова олеснување на правилата чекаат околу три илјади лица, од кои половината не живеат во Македонија.
Има и 800 таканаречени фантоми, кои се родиле овде но никогаш не добиле документи.
Минатата година, законот беше предложен од Алијанса-Алтернатива, но беше блокиран со илјадници амандмани.
По лидерскиот договор, се врати во Собрание како предлог на Владата и со европско знаменце.
Соња Николовска
