Македонија Најважни

Македонија во портокалова фаза, и покрај препораките, граѓаните раздвижени

Надпросечни температури и портокалова алертна фаза низ целата земја која ќе трае и во наредните денови.

Раздвиженост низ улиците и покрај низата препораки на надлежните институции да не се излегува доколку нема потреба.

Вредноста на УВ индексот  изнесува 9, што дополнително го вклучи алармот.

“Денес температури од 34 до 42 стeпени, во скопското подрачје до 41 степен.  Ваквото време ќе се задржи и од понеделник во текот на наредната работна седмица, односно до петок кога во делови од земјава, односно долж Повардарието максималната температура ќе го надмине 42 степен” – изјави Јулијана Фидановска Мишковск од УХМР

Топлотниот бран го вклучи алармот и на Државниот трудов инспекторат.

Триесет и осум инспектори и 14 интегрирани инспектори  веќе се на терен со засилени контроли дали се почитуваат препораките на Владата работодавачите да ги ослободат од работа бремените жени и луѓето над 60 години.

“Најголеми прекршувања има во градежништвото, во приватниот сектор каде што за работодавачите профитот е на прво место пред здравјето и животот на работниците, меѓутоа ригорозни сме и издаваме забрани за работа доколку затекнеме работодавачи кои во тој период работат и доколку правиме контролен надзор каде што е забранета работата на отворено и доколку не се почитува забраната се издаваат платни налози кои во зависност од големината изнесуваат од 500 до 4000 евра” – изјави Грозданка Тилева од државниот инспекторат за труд.

Само на неколку чекори во близина на Државниот трудов инспекторат и по 11 часот работниците беа на отворено вршејќи ги своите задачи.

Ротационите светла вклучени на багерите на улицата „Орце Николов“, но не и алармот за препораките на медицинските лица кои и официјално уште вчера ги најавија.

Сепак граѓаните велат дека и покрај препораките на надлежните институции да не го напуштаат својот дом или работното место во периодот од 11 до 17 часот велат дека имаат обврски кои се неодложни, но во одреден дел ги почитуваат мерките кои се дадени.

Во следните денови Македонија ќе биде во портокаловата фаза, за продолжување на мерките и препораките на надлежните институции доколку температурите не се спуштат ќе се одлучува дополнително.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе