Рампите на границите меѓу Македонија, Србија и Албанија од 2023-та година да бидат отворени за граѓаните на трите земји.
Да нема царини и да се обезбеди слободен проток на стоки, услуги и капитал. Ова е проекцијата за иднината на премиерите на Македонија и Албанија Заев и Рама и на претседателот на Србија Вучиќ кои ветија дека за наскоро ќе стане реалност.
Иницијативата за регионална соработака „Мини Шенген“, доби ново име „Отворен Балкан“. Наместо ѕидови, изградивме мостови.
Наместо политиката и минатото, се вртиме кон развојот и иднината, рекоа лидерите на трите земјии и порачаа на другите земји од регионот- кој сака може да ни се придружи.
Заев, Вучиќ и Рама потпишаа три меморандуми за соработка – за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки, за слободен пристап до пазарот на труд и за помош и заштита од катастрофи.
На Форумот учествуваа над 350 компании од трите земји. Стопанството побара од лидерите да реализиаат тоа што ветиле.
И тие како и Заев, Рама и Вучич стравуваа во капацитетот на администрацијата на трите земји да ги спроведе овие големи реформи. Лидерите пак договорија нови средби и нови проекти на есен во Белград и Тирана.
Александра Филиповска
