Во изминатото деноноќие во земјава. регистрирани се 54 нови случаи со Ковид-19 од направени 3.764 теста.
По градови од новите случаи 16 се во Скопје, 9 во Тетово, 6 во Битола и во Дебар, Куманово 5, Кочани 3, по двајца во Гостивар и Струмица и по еден во Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово.
Во моментов во земјата има 401 позитивен случај на коронавирус, од кои најмногу случаи се во Скопје 139, по што следи Тетово со 106 случаи, па Куманово со 46 и Гостивар со 23.
Во изминатите 24 часа не е регистиран смртен случај како последица на ковид-19.
