Вести Македонија

Заев и Шилегов ги прошетаа Вучиќ и Рама покрај Кеј

Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов попладнево ги прошета претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на премиерот на Албанија, Еди Рама во центарот на Скопје.

Домаќините ги почестија двајцата претседатели печена пченка од уличните продавачи, а Шилегов им даде подарок на сите, а за Рама препознатлив беше дресот на фудбалскиот клуб Јувентус.

-Како градоначалник на Скопје, бев домаќин на премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Албанија, Еди Рама, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кои заедно прошетавме низ новиот Кеј 13 Ноември којшто пред два дена го пуштивме во употреба за граѓаните. Чекор по чекор низ новото слободно шеталиште, во разговор им ја раскажав нашата скопска поинаква приказна. Она што на граѓаните им го овозможивме во последните три години, а ги запознав и со дел од визијата и идеите што планираме да ги остваривме во следниот мандат. Скопје денес е град со кој сите ние се гордееме и со задоволство можеме да збориме пред другите за нашата заедничка поинаква градска приказна, напиша Шилегов.

-Попладнево им посакав добредојде на претседателот на Србија, Вучиќ и на премиерот на Албанија, Рама после што имавме заедничка прошетка по новиот скопски кеј, каде домаќин ни беше градоначалникот Шилегов. Разговаравме и со граѓаните во центарот на Скопје, како најава на Економскиот форум за регионална соработка кој првпат се одржува во Северна Македонија, како и за отворањето на нови перспективи за нашето поврзување, напиша премиерот Заев на својот фејсбук профил.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, за српските медиуми изјави дека посетата на Скопје е многу важна, посочувајќи ги притоа договорите што ќе бидат потпишани утре.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија треба да му исплати речиси 3.500 евра отштета заради притворот на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, одлучи ЕСЧП

Дејан Дејан

Најмалку 12 загинати во шумски пожар во Шпанија – огнот избувнал за време на топлотниот бран

Дејан Дејан

ВЛЕН: Односите со Албанија, комуникација и соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе