Вести Македонија Топ вести

Груевски си отвори фирма во Унгарија, ќе продава порцелан

Речиси 3 години откако спас од затворот кој му се закануваше во Македонија заради случајот Тенк побара во Унгарија, поранешниот премиер и актуелен бегалец од правдата, Никола Груевски, стана бизнисмен.

Како што јавуваат унгарските портали и Дојче Веле, Груевски регистрирал фирма со широка деловна активност во најмалку 10 сектори во малото унгарско гратче Пецел. Фирмата на Груевски е регистрирана за да се занимава со трговија на големо со порцелан и стакларија, како и со средства за чистење, потоа трговија на големо со храна, пијалоци и тутун, како и со друг вид стока.

Но тука не запираат бизнис амбициите на Груевски.

Фирмата е регистрирана и со план да се занимава со бизнис менаџмент, комуникации со јавност, рекламирање, истражување на пазари и испитување на јавното мислење, како и во организација на конференции и трговски изложби.

Регистрацијата на оваа фирма со очигледно широк бизнис модел го чинела Груевски 8 350 евра.

Екс премиерот не приложил лична адреса во Унгарија, туку ја искористил таа на неговиот адвокат во Будимпешта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Вреди“ тврдат дека ДУИ повикува на тивок бојкот за претседателските избори

Дејан Дејан

Штип одбележува годишнина од смртта на Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе