Вести Македонија

ДА за геј заедница, но ЗАД затворени врати

Хомосексуалните бракови и натаму табу тема за граѓаните, ја одобруваат парадата на гордоста, но не ги прифаќаат геј врските во јавност. Сепак охрабрува процентот на граѓани кои сметаат дека  ЛГБТИ  лицата треба да ги уживаат истите права како и сите останати граѓани покажало истражувањото на Civil rights Defenders  спроведено 2020 та.

Немам ништо против хомосексуалците, но да не ја покажуваат својата сексуална ориентација надвор од нивниот дом, тука за жал имаме зголемување на овој процент во однос на 2015 та. И сега од една страна хомосексуалците се граѓани како сите други од друга страна нека си ги остваруваат своите права во своите четири зида.

Донесувањето на измените на Законот за матична евиденција и правното признавање на родот во личните документи и унапредување на кривичниот закон во случај на говор на омраза се неопходни е апелот на граѓанските здруженија.

Се уште немаме ниту еден процесиран случај за говор на омраза во оваа земја заснован на сексуална ориентација и родов идентитет иако сите извештаи говорат за тоа дека токму говорот на омраза кон ЛГБТИ луѓето е најзастапен, смета Драгана Дрндаревска, коалиција Маргини.

Зајакнувањето на образовниот процес, самата комуникација со ЛГБТИ лицата, зајакнување на органите за прогон во случај на говор на омраза и физички напад врз трансродовите лица се клучни за надминување на трансфобијата смета Дрндаревска.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе