Македонија Топ вести

Критички извештај на ревизија за работата на ДИК

Исплата на хонорари без законско покритие, нетранспарентни јавни набавки, се дел од пропусти утврдени од државниот ревизор за работата на Државната изборна комисија за 2019 година и за време на претседателските и предвремените локални избори одржани пред две години.

Освен неповолен извештај за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи од страна на ДИК ревизорот утврдил пропусти и во усогласеноста на финансиските трансакции со законска регулатива, но и несоодветно постапување со доверлив и недоверлив гласачки материјал.

Ревизорите утврдиле дека од вкупно 80 општински избирачки комисии, до ДИК не се доставени извештаи за работа на 25 од нив, односно една третина, а врз основа на кои се пресметува и исплаќа надоместокот за извршениот ангажман. Поточно, утврдено е дека се извршени исплати на средства кај дел од општинските изборни комисии без соодветна и комплетна финансиска документација. Инаку за  претседателските и предвремените локални избори во 2019 година на хонорари на членовите на избирачките одбори потрошени се вкупно 133 милиони денари.

Но освен нецелосна и непостоечка документација за исплата на хонорарите за членовте на избирачките комисии ревизорите утврдиле неправилности и во исплата на на 154 хонорари на лица во помошни тела и стручните служби на Комисијата во истиот период во висина од пет милиони денари.

„Со извршената анализа на исплатата на надоместокот по овој основ, ревизорите утврдиле дека надоместокот за работни компетенции и работна успешност како дел од вкупниот надоместок, е исплатен врз основа на критериуми кои не се квалитативно определени и мерливи“, се  наведува во извештајот на државниот завод за ревизија.

Ревизијата на финансиската работа на ДИК утврдила законски пропусти и во делот јавни набавки.

„Во делот на спроведување на постапките при доделувањето на договорите за јавни набавки воспоставениот начин на спроведување на постапките со преговарање без објавување на оглас не овозможува еднаков третман и конкуренција помеѓу економските оператори“, се наведува во Извештајот,

Во тој дел утвредно е дека е изврешен транспорт и сместување на членови на ИО во ДКП во 2019, со економски оператор без јавна набавка во висина од 23 милиони и 500 илјади и анекс од 4 милиони и 620.000 денари. Дополнително во прилог на фактурите за извршената услуга не е приложена документација како резервации или фактури за престој од хотелите во странство, патничко осигурување, копнен превоз од Скопје до ДКП во странство, транспорт до и од скопскиот како потврда за извршените услуги.

Дополнително ревизорот утврдил и состојби кои можат да предизвикаат идни финансиски импликации и влијание врз работењето на ДИК, како што е извршената набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија и набавка на телевизори за приказ на резултати, спроведена за потребите на предвремниете парламентарни избори во 2020 година во вкупна висина од 1 милион и 250 илјади денари без ДДВ.

Ревизорите утврдиле и дека ДИК нема извршено попис на средствата и извори на средствата согласно законските и подзаконските акти, а утврдени се и пропусти и во делот на чување и транспорт на доверлив и недоверлив гласачки материјал.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе