Обвинителство за гонење организиран криминал, кривичен суд или апелација. Кој ја заборавил мерката со забрана за комуникација со другите осомничени за Драги Рашковски. И покрај тоа што за екс секретарот на Владата обвинителството по втор пат има сознанија дека тој разговара со осомничените, сепак останува во куќен притвор. Кога прв пат беше уапсен во април годинава, за него во решението беше впишано дека не смее да го напушта живеалиштето но и да комуницира со другите. Тој ја прекрши оваа мерка со една СМС порака, па поради ова беше однесен в притвор. Откако се жалеше на почетокот на јуни повторно е вратен во домашен притвор. Пред една недела обвинителството повторно добило сознанија дека рашковски повторно комуницира и итнмо побара притвор, но кривичниот суд одби со образложение дека таква забрана сега веќе Рашковски немал па не ја ни прекршил. После реакциите на јавноста и медиумите, кривичен денес дообрјаснува.
Апелациониот суд – Скопје го укина решението на советот и определи мерка – куќен притвор со дополнитечлни мерки за претпазливост. Но, на 02.07.2021, по предлог на надлежниот обвинител, од страна на Кривичниот совет, мерката куќен притвор е продолжена без дополнителни мерки за претпазливост, кое решение на советот е доставено до Јавниот обвинител и потврдено од Апелациониот суд Скопје.
Од Обвинителството пак велат дека околностите воопшто не биле променети, истрагата се уште трае туку е проширена па немало зошто да исчезне и оваа мерка.
Опасноста дека осомничениот ќе влијае врз сведоците е повеќе од веројатна па така при преиначување на мерка притвор во куќен притвор се подразбираат истите околности дадени во предлогот на обвинителството.
Од Апелациониот суд се недостапни да објаснат зошто и тие потврдиле вакво решени за притвор во кое е исклучена мерката за забрана за комуникација. Со ова на Драги Рашковски домашниот притвор му трае до 3 август. Тој е осомничен дека како генсек на владата купил софтвер за сообракајни прекршоци кој никогаш не се користел, систем за биометриска идентификација но и дека проневерувал пари преку исплата на хонорарец, кој потоа бил задолжен да му враќа дел од таа сума.
Билјана Николовска
