Штркот на Гинекологија Чаир слета утрово уште еднаш, родилка од источна Македонија по повеќе од деценија чекање, на 52-годишна возраст се породи. И го изедначи рекордот за највозрасна родилка во Македонија. Последнава седмица ова е второ породување на постари од 50 години. И двете се со царски рез, а едната веќе е дома, објаснува лекарката Шќипе Сарачини која учествувала и во двата зафати по што медицинскиот тим е среќен со бебешкиот хепиенд.
50-годишната мајка породена минатата недела пак чекала и се обидувала да роди цели 27 години. Двете бебиња на мајките во шестата деценија од животот се уште еден поттик дека за принова никогаш не е доцна, а сега помагаат и новите методи.
Поради пандемијата, Гинекологија Чаир лани имала зголемување на бројот на породувања особено поради тоа што кон нив се насочи бранот на родилки откако на Клиниката беше отворен ковид центарот за заразени родилки.
Миомир Серафиновиќ
