Во последните 24 часа се регистрирани нови 39 случаи на Ковид-19, од направени 3.839 тестирања. Оздравени се 12 пациенти, а нема починати пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, во Тетово се 14, во Скопје 12, во Гостивар 5, во Куманово 4, во Кичево 2 и во Битола и Валандово по 1.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од Тетово 6, Скопје, Гостивар и Дебар по 2.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
