Во агуст ќе се затвори вакциналниот пункт за масовна имунизација против ковид-19 во спортската сала „А1 Арена Борис Трајковски“ во Скопје. Вакцинацијата во целата земја ќе се одвива во здравствените домови, а само во Струмица и Тетово ќе продолжат да работат спортските сали како пунктови за масовна вакцинација, кажа денеска министерот Венко Филипче, додавајќи дека ќе продолжи и теренската вакцинација во градовите и селата по принципот на систем на ротација.
Филипче рече дека во земјава досега се ревакцинирани 330 илјади граѓани, дека очекува од крајот на август таа бројка да стигне до 500 илјади граѓани, како и дека од 1.800 деца пријавени деца под 18 години, досега се вакцинирани 630. Од 330 илјади граѓани вакцинирани со две дози, со ковид-19 се заразиле 92 пациента.
