Теквондистот Дејан Георгиевски влезе во финалето и ќе се бори за златото во категоријата над 80 килограми на Олимписките игри во Токио, со што Македонија го обезбеди првиот олимписки медал по пауза од 21 година. Во финалето, што е на програмата од 14:45 часот, тој ќе се бори против Русинот Владислав Ларин.
Во полуфиналето, Георгиевски ја забележа својата најубедлива победа во досегашниот дел од турнирот, совладувајќи го Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
