Вести Македонија

Затворските казни за политичарите помали од предвидените со закон, обвинителството се чуди на судската одлука за Вељановски, Јанакиески, Ристевски и Атанасовски

Казните изречени во денешниот процес се под минимум предвиден со кривичниот законик за делото Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Иако законот предвидува минимални казни од 10 години затвор за вакви кривични дела, судот денеска на 4-ца функционери им пресуди казни меѓу 6 и 6 и пол години затвор (највисока за екс-спикерот Трајко Вељановски).

За обвинителството пресудите се чудни особено што извршителите на делото претходно беа осудени на повисоки затворски казни од 10 години, додека прогласените за организатори се под тој законски минимум.

-Зачудена сум што судот спротивно на законот изрече далеку пониски затворски казни од законски пропишаните, минимум десет години за вакво дело. За споредба, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за полесно кривично дело, за кое е пропишана казна до 10 години затвор доби казна од седум години, направи споредба Гордана Смаќоска, обвинителката од Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

На сите осудени, судот им определи мерка домашен притвор со забрана на комуникација со сите  освен со членови на семејството со кои живеат осудените.

Нема притвор во Шутка за осудените функционери за организација на упадот во Собранието, туку домашен притвор и забрана за комуникација

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава тргнува од Неготино

Дејан Дејан

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе