Судечкиот совет одлучи сите 4-ца функционери да останат во домашен притвор откако се осудени во првостепена судска постапка како организатори на упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та година, јавува репортерот на Телма Билјана Николовска од скопскиот кривичен суд.
Осудените Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристевски и Владимир Атанасовски не смеат да комуницираат по телефон со никој и смеат да одржуваат комуникација само со домашните, одлучи судот кој не го прифати барањето на обвинителството осудените да бидат во затворски притвор.
Претходно 4-цата функционери беа осудени на казни затвор меѓу 6 и 6,5 години затвор, а поранешниот спикер Трајко Вељановски доби најголема казна од 6 години и 6 месеци затвор.
