Вести Македонија Топ вести

Рампата на Меџитлија се крена, но грчките туристи се уште ги нема

Рампата на граничниот премин Меџитлија-Ники кон Грција се подигна на 1 јули, но,  не се остварија очекувањата дека грчките муштерии  ќе се вратата во Битола како во времето пред пандемијата и ќе ја заживеата кревката локална  економија

  • Во втората половина на јули, кога фркевенцијата на Меџитлија вообичаено е најголема, сега едвај минува понекое возило стенд ап

За  време на пандемијата се спуштија ќепенците на голем број дуќани во старата битолска чаршија, која  беше главна дестинација на соседите од  Грција. Трговците и пазарџиите се жалат дека сега нема ни 10 проценти од прометот што го правеа претходно.

  • Како не, се одразува. Се знае ситуацијата со пандемијата што беше и се уште трае, делува на прометот, на раздвиженоста, вели трговец
  • Дај Боже да дојдат, мило ќе ни биде, се ќе продадеме, велат пазарџиите.

И угоститлите ги очекуваат соседите кои по пазарењето  седнуваа на ручек или кафе во битолските ресторани.

  • Нема ништо, се гледа. Порано доаѓаа седнува, сега нема ништо, вели битолски угостител

Посетителите од соседна Грција во Битола ги користеа и за нив далеку  поевтините стоматолошки, козметички, фризерски услуги.

  • Цел град зависи. Кога ќе видите дека во рестораните менијата и на грчки се напишани, дека на фризерските салони напишано е и на грчки, навистина станавме зависни едни од други, вели битолски фризер.

И  официјалните податоци  од граничниот премин Меџитлија потврдуваат дека  фрекевенцијата на патници и возила е неколкукратно помала во спордба со истиот период претходните години, а причина најверојатно е сложената процедура за влез во Грција, не само за  странските, туку  и за нивните државјани кога се враќаат дома.

  • Од почетокот на отворањето на граничниот премин Ники до денеска, вкупниот број на Меџитлија е 24 500 патници, што во спордба со претходните години е за шест пати помал, Киро Крстевски, помошник командир на  полициска станица Меџитлија

Овој месец на овој граничен премини  во Македонија влегле  само 2700 грчки државјани или нешто повеќе од стотина дневно , за разлика од претхоно кога  доаѓале и по 600 во еден ден.  Повеќе од двојно, односно 6800 Македонци овој месец заминале на грчктите плажи преку Меџитлија.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе