Вести Македонија Најважни

Стевановиќ: Заболените вакцинирани, болеста ја добиле брзо по примената втора доза

Досега 96 граѓани од вкупно 330.320 кои примиле две дози од вакцината против Ковид 19 се заразиле од вирусот, објави Министерството за здравство.

Една пациентка е од Велес која се заразила од колешка на работа и е пренесена на Инфективната клиника во Скопје. Ја лекувала нејзината матична лекарка Лилија Чолакова Дервишова, која најпрво не се посомневала дека се работи за Ковид затоа што пациентката била вакцинирана со две дози од вакцината Синофарм, а се заразила од колешка која исто така била вакцинирана со Фајзер.

На Инфективната Клиника во Скопје во моментов има двајца пациенти боилни од Ковид 19 кои биле вакцинирани. Освен пациентката од Велес има и еден повозрасен пациент со тешко хронично заболување. Директорката на Клиниката Милена Стевановиќ за Телма вели дека сите 13 кои досега се разболеле имале поблаги симптоми и болеста ја добиле набрзо по вакцинирањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе