Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изложба за фудбалската легенда Клинчарски „Живот посветен на фудбалот“

/

Култура

Сподели преку :

Живот посветен на фудбалот. Под овој слоган официјално се отвори изложбата во чест на фудбалската легенда Никица Клинчарски во градскиот музеј во родното Берово. Содржи  архивски снимки од натпреварите, написи во медиуми, дресови, медали, пехари, плакети и признанија. Со вкупно 565 настапи, Никица Клинчарски се наоѓа на третото место по бројот на одиграни натпревари за српскиот клуб Партизан и постигнал 73 голови.

Во црно – белиот дрес има освоено две првенства и еден Куп на Југославија. Играл и за тогашната репрезентација на Југославија на Олимписките игри во Москва во 1980 година, за која остави белег со 8 настапи и еден постигнат гол.