Вести Македонија Топ вести

Кандидатката за член на судскиот совет Тања Чачарова Илиевска ја финансирала и СДСМ

Имиња на истакнати членови на СДСМ, министри градоначалници функционери. Меѓу нив и она на Тања Чачарова Илиевска на листите на донатори на партијата. Таа сега е кандидат за член на судскиот совет, институција која ја контролира работата на судиите, но нејзиното име го има на неколку листи на донатори на СДСМ. Давала пари и во предизборна кампања и за партијата. Така во годишниот извештај за 2018 та е евидентирано дека на сметка на СДСМ уплатила пари во два наврати, во првата половина од годината 5540 денари, а во втората 7 500.

Во годишниот извештај за 2020 та година пак пишува дека донирала 17 200 денари. Но во извештајот од предизборната кампања за коалицијата „Можеме“ која ја поддржувала и преку својот фејсбук профил под број 121 Чачарова Илиевска пишува дека донирала 5 600 денари. Ја има и подолу со 16 000 денари. Таа не е кандидат за функција во законодавната и извршанат власт, туку за во судската, па уште понејасно е зошто ја финансирала владеачката партија.

Вчера Телма објави дека по 7 месеци работа, адвокатската канцеларија Чачарова повторно ќе биде затворена, а таа може да заврши во државните служби. Била советничка на премиерот Зоран Заев, но во комисијата за избори и именувања помина, па е на добар пат да биде избрана за член на Судскиот совет.

Вчера за Телма Чачарова Илиевска тврдеше дека не е дел од политичка структура и дека секогаш и било чест кога некој од неа барал адвокатски услуги и правни консултации. Во канцеларијата на премиерот Заев била вработена во постојан работен однос како што рече врз основа на стручните достигнувања. членувањето во судскиот совет и претставува предизвик како на секој адвокат којшто сака напредок во кариера. Но за лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски ова е причина зошто Македонија не е правна држава и нема независно судство.

Зошто сме 111-ти по корупција и најлоши во Европа;

И зошто со Заев нема да не биде. Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком Тања Чачарова Илиевска, сега претставена за независен експерт и предлог за член на Судскиот совет. Ова се тие европски вредности на Заев.

 Инаку судскиот совет се грижи за независноста и професионалноста на судството, ги разгледува претставките на незадоволните граѓани и најбитното избира и разрешува судии, претседатели на судови и поротници. Исто така контролира и определува како ќе се троши судскиот буџет. Чачарова ќе стане член на судскиот совет доколку добие потребно собраниско мнозинство. Претходно реакции имаше и за претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска која била на раководни и советнички функции во претходните влади на СДСМ.

 

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе