Вести Македонија Најважни

Охрид чека на одлука на УНЕСКО, дали ќе го сочува или загуби статусот „светско налседство“

Расправата за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО се очекува денеска да се најде на дневниот ред на годинешната 44. Сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура, што се одржува во кинескиот град Фуџоу.
До расправата за состојбите во Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство од исклучителна универзална вредност, според предвидениот дневен ред од работата на Комитетот има уште пет точки, така што веројатно одлуката по нацрт-извештајот и идниот статус на заштитеното културно и природно наследство ќе биде познат во текот на денот.

УНЕСКО, досега даде неколку шанси за спроведување на препораките, a невладиниот сектор смета дека се насетува таква тенденција и овој пат на Комитетот кој е политичко, а не експертско тело, но секоја нова шанса е можност за понатамошно уништување и дегардација на универзалното културно и природно богатство, категорични се од Охрид СОС –

Охрид СОС бара начинот на кој сега се третира наследството, односно состојбата во која што се наоѓа, тешка деградација, да биде така констатирнао од Комитетот, бидејќи тоа единственото разумно решение, затоа што со замижување пред реалноста нема да може да му се помогне на Регионот, нема да се спречи деградацијата, напротив таа ќе проложи. Тоа одлагање за преместувањето на Регионот на Листата на загрозено светско наследство, досега не донесе ништо добро, вели Драгана Велковска од Охрид СОС.

34 невладини организиации од Македонија и Албанија, меѓу кои е и Охрид СОС, денеска испратија писмо до Комитетот за светско наследство и побараа Охридскиот регион да се впише во Листата на светски наследства во опаснсот. Велат дека се длабоко загрижени, затоа што ваквата сосотојба не е последица ниту на војна ниту природна катастрофа, туку резултат на лошото управување и свесно уништување и негрижа од страна на властите.

-Мора јасна порака да се испрати до македоснките власти дека мора да ги почитуваат законите, насоките и препораките од експертите на УНЕСКО. Мора да ја почитуваат конвенцијата за светско наследство која вели дека мора да се грижат и да го унапредуваат регионот, да се спречат обиди за негова деградација а не да бидат изворот и причината за уништувањрто, додава Велковска од Охрид СОС.

Во извештајот објавен во мај, реактивната мониторинг мисијата препорача Охрид да добие нов статус-Светско наследство во опасност. Сега се очекува конечната одлуката на УНЕСКО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе