Македонија Топ вести

Судот не ги пушта од притвор обвинетите за детска порнографија во „Јавна соба“

Семеен човек со болно двегодишно дете и болни родители и 22 годишен скопјанец кој кога бил притворен веќе го полагал последниот испит за да стане полицаец- ова е краткиот профил на двајцата обвинети во случајот Јавна соба, додека во правното досие им стои дека се гонат за дело Производство и дистрибуција на детска порнографија. На основачот на групата Дарко Костовски и на администраторот на групата Јавна соба Михаил Паневски им се заканува затвор од минимум 8 години затоа што како договорни лица дозволиле на мрежата Телеграм и на нивната група да се споделуваат видеа со детска порнографија иако требало да го спречат.

Обвинителството ќе докаже дека во конкретно дефиниран период, во групата од страна на член, бил споделен аудио-визуелен материјал којшто содржи очигледен полов акт со дете, рече во воведниот збор обвинител Владо Милошевски.

Одбраната тврди дека обвинителството нема докази за нивните клиенти и побараа да бидат пуштени од затворски притвор, како и да се избегне судење во јавноста на обвинетите. Се бара одговорност и на мрежите преку кои се споделуваат кривични содржини.

Судот барањето за замена на затворски притвор со друга мерка, го одби и префрли на кривичниот судски совет во судот. Првообвинетиот го бараше тоа за да помогне во родителството на своето болно двегодишно дете, како и да пружа домашна помош на тешко болните родители. Откако беше отфрлено барањето и самиот вознемирено бараше разбирање од судијката Билјана Коцевска. Помладиот второобвинет пак се жалеше на психичка состојба во келија и побара дозвола за посета на свештено лице. Во притвор се повеќе од половина година. Обвинителството не успеа да го пронајде членот на групата Јавна соба кој го поставил и споделил видеото со детска порнографија ниту да ја открие жртвата. Исто така не е поведена никаква постапка на оние кои злоупотребуваа лични податоци, телефонски броеви, фотографии и видеа на стотици девојки и жени иако имаше и повеќе протести за случајот. Откако обвинетите ја затвориле првата група, истоимена група повторно се роди на мрежата Телеграм и прозолжи со истите криминални дела, злоупотреби и демнење на десетици жени во државата. Вториот случај засега не е решен, а истрагата се правда со несоработување од страна на мрежата Телеграм.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе