Македонија Топ вести

Жителите во шок по вчерашниот пожар во Карбинци ги бројат штетите

Пепел станаа куќата, покуќнината, пари, пасоши, сите документи, но и пластениците со ретки растенија. Штетата на семејството Гребенакови во вчерашниот пожар се проценува на околу 60.000 евра. Даринка се обидувала со пумпи да ја спаси куќата, но немало струја. Полицијаците ја спасиле во последен момент, бидејќи откако излегле експлодирала и плинската боца. Семејството Гребенакови овде и живееле, не сакаат да се вратат во Скопје, бидејќи имале убав живот, но и мал бизнис со карела.

Во големиот пожар изгореа стотина хектари земјоделско земјиште. Штетата пак на премпумната станица за вода за пиење и на фотолтаичната централа е до 10.000 евра, проценуваат од комуналното претпријатие, кои денеска почнаа со санирањето, а се надеваат дека населението на четири села  нема да остане без вода.

Штипските пожарникари во рок од 24 часа имале четири интервенции, од кои само три во соседната општина Карбинци. Пожари беснееја и во кочанско се спасуваше Филтер станицата и првите куќи во ромското маало, но и 10 хектари земјоделски култури кај село Бање. Според командирот Паунов, доколку имале и трет пожар ќе немало кој да интервенира.

Мештаните во Карбинци се категорични дека вчерашниот пожар не е од заплаено стрниште, туку се почнало во близина на трафостаницата на ЕВН. Во денешниот полииски извештај се вели дека пожарот во СВР-Штиш е пријавен  во 15.30, а пријавата е  дека настанал во трафостаница на ЕВН. Карбинскиот градоначалник најави дека денеска ќе достават и барање до ЕВН да ги санираат паднатите електрични  столбови во Оџалија, Парналија и Припечани.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе