Македонија Топ вести

Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија во Скопје, па вратен во затвор

Јордан Камчев поради лоша здравствена состојба со возило на брзата помош утрово е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје. По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата на Камчев, тој е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор.

Денеска, за време на редовната посета на КПУ затвор Скопје, Јордан Камчев повторно се пожалил на своите бранители на влошена здравствена состојба.

– Имено, во текот на вчерашната вечер Камчев во затворот имал гушење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во Скопје во моментот немало дежурен лекар за да го прегледа и интервенира па поради сериозноста на состојбата викната е брза помош, констатирано е зголемен крвен притисок и на Камчев му е дадена соодветна, моментална терапија, соопштија денеска дел од правната одбрана на Камчев, кои денеска биле во посета.

Во соопштението се наведува дека неколкупати како одбрана реагираат на сериозно влошената здравствена состојба на Јордан Камчев, што, како што стои во соопштението, очигледно продолжува да се влошува поради непостоење на соодветни медицински и санитарни услови за третирање на неговата здравствена проблематика.

– Со фамилијарен историјат на кардиоваскуларни болести, г-динот Камчев од својата 15-та година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба, а пред само десетина дена поради влошување на состојбата тој пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје.Сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до Судот, соопштија адвокатите Сашо Бошков, Александар Михајлоски, Гоце Ристески, како дел од правната одбрана кои денеска биле во посета на Камчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе